Почетна » Новости » Мода » Модни приказни од Македонија: Зимска магија со Fashion Group

Модни приказни од Македонија: Зимска магија со Fashion Group

Убавината на зимата, мирисот на штотуку испечените колачиња со цимет, собирањето на целото семејство додека се отвораат новогодишните подароци... Декември - месец полн со исчекување на новогодишната магија и сета убавина поврзана со неа.

Fashion Group подготви зимски каталог кој ќе служи како инспирација во празничните деновите кои доаѓаат. Низ трите различни приказни – „Светла во ноќта”, „Урбан живот” и „Планински авантури”, каталогот претставува комбинации соодветни за различните стилови, потреби и желби на купувачите. Со прикажаните парчиња тие ќе се чувствуваат удобно и привлечно без разлика каде се; низ урбаниот метеж сред новогодишната еуфорија, додека се забавуваат под празничните светла на градот или пак додека уживаат во зимската идила во природа.

Fashion Group Fashion Group Fashion Group

Подарувањето е неизбежен дел од празниците и затоа во оваа издание нудиме избор на многубројни и разновидни подароци, а облеката и додатоците за најмалите модни вљубениците се исто така дел од каталогот.

Главни улоги во зимската магија која ја креираат брендовите на Fashion Group имаат моделите Ангела Карова и Стефан Симоновски. Фотографите Ани и Дими ги претворија сите впечатливи моменти во успешни кадри, додека пак одговорна за шминка и фризура беше Зорица Николова. Локациите кои им даваат дополнителен шарм на фотографиите се Кантина лаунџ бар, кафе бар Винил и реновираното бачило, дел од скијачкиот центар Заре Лазаревски во Маврово.

Fashion Group Fashion Group Fashion Group Fashion Group Fashion Group Fashion Group Fashion Group Fashion Group

Зимскиот каталог е достапен во електронска форма на www.fashiongroup.com.mk, a наскоро ќе може да се најде и во секоја од продавниците на групацијата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11418 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.