Почетна » Новости » Мода » Меланија Трамп во бел палто-фустан им додели награди на жени-херои во Вашингтон

Меланија Трамп во бел палто-фустан им додели награди на жени-херои во Вашингтон

Меланија Трамп беше специјална гостинка во американскиот Стејт Департмент во Вашингтон по повод доделувањето на наградите „International Women of Courage“.

Настанот беше посветен на 13 инспиративни припаднички на понежниот пол кои покажале храброст, лидерство и подготвеност да се жртвуваат за другите, особено во борбата за правата на жените.

Првата дама на САД, која носеше бел палто-фустан и обувки од Кристијан Лобутин, одржа говор во кој потенцира: „Заедно мора да објавиме дека ерата во која беше дозволена бруталност кон жените и децата е завршена.“

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

„Секоја од овие жени-херои е неверојатна приказна за храброст, која мора да нè инспирира да постигнеме повеќе одошто сме сметале дека е возможно“ – истакна таа.

Меѓу наградените се Џанат Ал Гези, Ирачанка која им има помогнато на над 500 жртви за силување или семејно насилство и Наталија Понсе де Леон, Колумбијка која настрадала при напад со киселина и која сега им помага на други жртви и е заслужна за донесувањето на закон за поголеми казни на напаѓачите.

Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп Меланија Трамп

Говорот на Меланија беше проследен со многу критики, основно поради односот на нејзиниот сопруг Доналд Трамп кон жените и неговите понижувачки коментари. Исто така, многумина посочија дека ваквата постапка е лицемерна, бидејќи меѓу добитничките на награди се граѓанки на држави за кои важи забраната за влез во САД.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11170 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.