Почетна » Новости » Мода » Запознајте ја креаторката на уникатните парфеми Estée Lauder Pleasures и Sensuous Nude

Запознајте ја креаторката на уникатните парфеми Estée Lauder Pleasures и Sensuous Nude

Приказната на Ани Бузантиан, најдобриот креатор на парфеми за 2015 година

Кога ќе прочитате нешто инспиративно знаете да се наежите и тогаш да посакате нешто повеќе за себе. Токму таква е приказната за Ани Бузантиан, создавачот на уникатниот мирис на парфемите Estée Lauder Pleasures и Sensuous Nude. Како што самата таа знае да рече, секоја жена е посебна на свој начин, таа сака црвен кармин, облека која ја истакнува нејзината женственост и парфем кој ја покажува нејзината индивидуалност. Секоја жена е принцеза или кралица и таа го заслужува најдоброто.

„Секој создавач на парфеми има поинаква приказна. Иако мислиме дека мирисите кои ги создаваме се за други луѓе, тие сепак го одразуваат она што сме ние, нашето искуство, нашиот отпечаток. Јас сум родена во Ерменска Романија, но моето семејство го одбрало Њујорк кога имав дваесет години. Иако очекував да продолжам на колеџ, сосем случајно се случи да добијам работа во фабрика за парфеми. Две години подоцна, почнав да работам во компанија за парфеми Firmenich и таму сум веќе 42 години.“

Приказната на Ани Бузантиан

„Ме ставија во лабораторија и ми покажаа како се создава специфичен мирис, како се комбинираат состојки, како по рецепт. Многу брзо почнав да земам парфемска база и да додавам ова или она. Бев фасцинирана колку сакам да го правам ова, да мешам бои, состојки и секогаш тоа го работев со музика која ја обожавам. Музиката многу влијаеше врз мене и на процесот по кој создавав парфеми. Дури и јазикот е сличен, бидејќи зборуваме за мирисни (парфемски) ноти, за акорди, или за една хармонична комбинација на ноти. Ќе почнете нов состав со ставање заедно неколку работи за да видите дали се тие компатибилни, и добивате специфичен мирис.“

„Немав поим за парфеми кога почнував, а еден од мирисите на кој навистина се сеќавам е мирисот на рози, бидејќи кога ги посетувавме моите баба и дедо во Бугарија поминавме низ полиња и полиња на рози. Но, мислам дека имав среќа да се најдам баш на вакво работно место, и да го барам мојот индивидуален начин на изразување. Тоа беше вистински почеток.“

Приказната на Ани Бузантиан

„Сè уште се сеќавам на првиот пат кога комбинирав состојка и си помислив: О, боже ова ме потсетува на моментите кога бев дете, живеев на Црно Море во Романија, плажата беше преку улица, а на патот кон водата се чувствуваше интензивен мирис на растенијата. Сè уште се сеќавам на тој мирис, за кој потоа дознав дека се вика galbanum, кој е уште еден од моите омилени.“

Инспирацијата доаѓа од сè

„Најстрашно нешто кога сте млад создавач на парфеми, е прашањето како да добиете идеи, и како да знаете дека секогаш ќе имате идеи? Но, ако сте отворени за искуствата, ќе може да соберете идеи и мисли и работи во ќелиите на вашиот мозок, бидејќи никогаш не знаете кога би можеле да ви помогнат. Понекогаш, една од најинспиративните работа е вашиот клиент. Колку повеќе тие сакаат мирис и нешто посебно, толку повеќе сте возбудени за да го направите тоа заедно со нив.“

„Едно од незаборавните искуства што сум ги имала, и кои го променија мојот живот и мојата кариера, беше кога се сретнав со госпоѓата Estee Lauder. Знаев дека таа сака мириси, и сака комбинирање. Во 1984 година, таа го посети саемот во Болоња, каде констатира дека два парфеми се особено добро. Кога се врати во Њујорк, таа сакаше да ги запознае создавачите на тие парфеми – за среќа еден од нив бев јас! Бев многу горда.“

„Ми се допаѓа црвен кармин, бидејќи тоа ме прави среќна, ми се допаѓа облеката што е женствена и која ми е комотна. Моите парфеми ги одразуваат истите работи: тие се едноставни и некомплицирани, но секогаш женствени и убави. Тие ме прават среќна...“

Ани Бузантиан

Кендал Џенер во моментов е заштитно лице на Estée Lauder. А претходно тоа биле глумиците Гвинет Палтроу и Ева Мендес, и моделот Наталија Водјанова.

Приказната на Ани Бузантиан

За истакнување е и најновиот парфем Estée Lauder Modern Muse, кој е инспириран од комплексноста на жената, нејзината енергија и креативност. Станува збор за оригинален мирис со нота од јасмин и дрво кој ќе освои секого.

Приказната на Ани Бузантиан Приказната на Ани Бузантиан

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11200 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.