Почетна » Новости » Мода » Добро Ми Стои: Деликатен филигран за уникатна модна приказна

Добро Ми Стои: Деликатен филигран за уникатна модна приказна

Дамите се ненаситни на тема накит. Едноставно никогаш не е доволно, особено кога погледот е фиксиран на неповторливи парчиња кои го кријат во себе духот на традицијата, но истовремено пленат со модерни форми.

Филигранот, како комплексна и префинета техника за изработка на накит, непрекинато восхитува. Во минатото со рачно изработениот накит се украсувале македонските домаќинки, но исто така и градските госпоѓи од поблиското и подалечно опкружување низ целиот Медитеран. Филигранот бил многу ценет и популарен во прочуените центри како Цариград, Дубровник, Венеција и Фиренца.

Дијана Тодоровски е дел од новиот бран на креативци чија пасија е филигранството. Работејќи во неколку маркетинг агенции и шетајќи низ половина Европа, па сè до Австралија, таа го најде внатрешниот повик во рачна изработка на сребрен филигран инспириран од италијанската мода. Со имплементирањето на нови техники и инкорпорирањето на полускапоцени камења, Дијана успева да ја привлече македонската жена која се стреми кон уникатност и негува почит кон традицијата. На Фејсбук страницата на „Добро Ми Стои“ бројни обожавателки на неповторливиот накит ги искажуваат своите комплименти за сложените дела на Дијана.

Филигран Филигран Филигран

Како и во повеќето уметнички дисциплини, така и кај филигранот, можеме да видиме спојување на источните мелодични форми со прозападниот сјај што произведува прекрасни композиции. Идејата на Дијана е да ги изрази и задоволи сите аспекти на женската континуирана потрага по истакнување на својот сензибилитет и индивидуалноста.

Филигран Филигран Филигран Филигран

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.