Врвното списание „Vanity Fair“ ја објави новата листа на Најдобро облечени славни лица.
Викторија Бекам, Ријана, Амал Аламудин, Тејлор Свифт, Мисти Коупленд, кралицата Летиција, принцот Хари, Еди Редмејн и шеика Моза бин Насер се на листата која е поделена по категории.
Жени
Саманта Камерон, сопругата на британскиот премиер, е на врвот во категоријата „Жени“. Веднаш зад неа се пејачката Тејлор Свифт и балерината Мисти Коупленд.
Саманта Камерон
Тејлор Свифт
Мисти Коупленд
Грофицата од Весекс, Амал Аламудин, Ријана, Шарлот Казираги, кралицата Летиција, Мелоди Хобсон и Франческа Амфитеатроф ги пополнуваат останатите места на листата со најдобро облечени жени.
Софи, грофицата од Весекс
Амал Аламудин
Ријана
Шарлот Казираги
Кралицата Летиција
Мелоди Хобсон
Франческа Амфитеатроф
Мажи
Актерот Бил Нај ја предводи групата на мажи со добар стил, во која се и британскиот принц Хари, шведскиот принц Филип и Ставрос Нијархос Втори.
Бил Нај
Принцот Хари
Шведскиот принц Филип
Ставрос Нијархос Втори
Актери
Меѓу актерите, на првото место застана Алисија Викандер, на второто Еди Редмејн, а на третото – Ема Стоун. Во категоријата актери, свое место си обезбедија и Шарлиз Терон и Ема Вотсон.
Алисија Викандер
Еди Редмејн
Ема Стоун
Шарлиз Терон
Ема Вотсон
Професионалци
Викторија Бекам, Џована Батаља и Ник Вустер беа почестени во категоријата „Професионалци“.
Викторија Бекам
Џована Батаља
Ник Вустер
Салата на славата
Во специјалната категорија „Салата на славата 2015“, единствено е посочена првата дама на Катар, шеика Моза бин Насер.
Шеика Моза бин Насер
		
