Откако ги избра најдобро облечените холивудски дами за 2015, модното списание „InStyle“ состави листа со славните двојки со најдобар стил.
На врвот застанаа успешната адвокатка Амал и шармерот Џорџ Клуни. Брачниот пар обожава класична елеганција и често соработува со модни куќи како Армани, Долче и Габана и Оскар де ла Рента.
Веднаш зад нив се Метју Меконахи и неговата атрактивна сопруга Камила, како и актерскиот брачен пар Џони Деп и Амбер Херд.
Погледнете ги двојките со најдобар стил.
1. Џорџ и Амал Клуни
2. Метју и Камила Меконахи
3. Џони Деп и Амбер Херд
4. Бијонсе и Џеј Зи
5. Криси Тиген и Џон Леџенд
6. Оливија Палермо и Јоханес Хибл
7. Никол Кидман и Кит Урбан
8. Кејли Куоко и Рајан Свитинг
Парот неодамна објави дека ќе се разведува.
9. Кира Најтли и Џејмс Рајтон
10. Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс
		
