Почетна » Новости » Истражувања » Џвакајте гума за џвакање пред испит за подобри резултати

Џвакајте гума за џвакање пред испит за подобри резултати

Гумата за џвакање може да ви ја подобри концентрацијата и да ви ја зголеми будноста. Американско истражување уште еднаш потврди дека џвакањето пред извршување на умствена задача може да ги подобри резултатите.

Истражувачи од Универзитетот Св. Лоренс откриле дека учесниците кои џвакале гума за џвакање пред тест, покажувале подобри резултати во споредба со оние учесници кои не џвакале. Но, истражувачите „предупредуваат“ дека позитивниот ефект трае само 15-20 минути по џвакањето.

Девојка џвака гума за џвакање

За целите на експериментот, објавен во списанието „Appetite“, биле тестирани 80 средношколци. Дел од нив џвакале гума за цвакање 5 минути пред тестовите, други џвакале за време на тестовите, а трети биле „неџвакачи“. На сите доброволци им биле дадени когнитивни задачи како повторување на произволни броеви одназад или решавање на логички сложувалки.

Средношколците кои џвакале 5 минути пред тест постигнале најдобар успех на тестовите. Но, ефектот бил спротивен кај оние кои џвакале за време на тест, бидејќи како што велат научниците, самото џвакање не му дозволува на мозокот максимално да се фокусира на главната задача.

Претходни истражувања покажале дека адолесцентите кои џвакале гума за џвакање без шеќер за време на часовите и додека ја пишувале домашната задача постигнувале малку поголем успех во споредба со оние кои не џвакале.

„Некои истражувачи сметаат дека намаленото ниво на стрес води до подобро фокусирање и концентрација, кое може да ја објасни врската помеѓу џвакањето гума за џвакање и подоброто фокусирање и концентрација“ – изјавил Крег Џонсон, кога пред две години спровел слично истражување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.