Почетна » Новости » Истражувања » Јапонците добиваат и трошат најмалку годишен одмор

Јапонците добиваат и трошат најмалку годишен одмор

Најголем дел од луѓето во светот уживаат кога се на одмор, но работливите Јапонци повеќе уживаат додека се на работното место.

Јапонците не само што добиваат најмалку слободни денови во текот на годината (16,5), туку и најмалку ги искористуваат. Многупати сме слушале како одредени јапонски фирми им плаќаат на своите вработени за да одат на одмор или како им ја исклучуваат струјата за да си заминат навечер дома. И со право го прават тоа, затоа што од одморот што им следува, Јапонците користат во просек само 9 дена годишно.

ЈапонциЈапонците не само што добиваат најмалку слободни денови во текот на годината (16,5), туку и најмалку ги искористуваат.

За разлика од нив, Французите се нација која добива најмногу денови за одмор (во просек 37,5 годишно) и ги искористува скоро максимално.

Во САД работниците добиваат во просек по 17 дена одмор годишно, а искористуваат 14 од нив. Резултатите од анкета во која учествувале 9000 возрасни мажи и жени од 13 држави покажала дека Данците, Германците и Норвежаните извлекуваат најмногу од слободните денови за одмор. Тие користат 93% од својот годишен одмор.

По Французите, најдолг одмор имаат Италијанците (32,5 дена) и Шпанците (32 дена).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.