Почетна » Новости » Истражувања » Шопингот нè прави посреќни

Шопингот нè прави посреќни

Со право шопингот се нарекува и терапија. Пазарувањето има долготраен позитивен ефект врз нашето расположение, тврдат психолозите.

Психолозите Селин Ателеј и Маргарет Мелоу тврдат дека шопингот е вистинска терапија и дека луѓето свесно ја користат за да си го подобрат расположението во моментите кога се несреќни. Иако се смета дека луѓето кога се нерасположени купуваат импулсивно и неконтролирано, истражувачите покажале дека сепак додека трае шопинг терапијата купувачите не се расфрлаат со пари, туку купуваат стратешки.

Шопинг62% од луѓето си купуваат нешто за да си го подобрат расположението

Со помош на стотици интервјуа во шопинг центрите и со помош на дневници кои ги следеле навиките на купувачите, психолозите откриле дека кога луѓето се несреќни, посклони се непланирано да си купат нешто. Така, 62% од учесниците си купиле нешто за да се развеселат, а само 28% си купиле нешто како начин за да прослават убав момент во нивниот живот.

Она што ги изненадило истражувачите е податокот дека производите купени за да го подобрат расположението биле со двојно помала цена од онаа на производите купени како форма на прослава. Поради тоа, психолозите тврдат дека за време на шопинг терапија луѓето се воздржуваат и не купуваат неконтролирано, како што досега се сметаше.

„Шопинг терапијата дава многу бенефиции, го подобрува расположението и не носи чувство на вина или жалење, дури и кога не е планирана“ – пишува во извештајот од истражувањето.

Купете си нешто за да си ја вратите насмевката на лицето, но покажете контрола и не го празнете докрај вашиот паричник.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10395 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.