Почетна » Новости » Истражувања » Чоколадото го намалува ризикот од срцеви болести за една третина

Чоколадото го намалува ризикот од срцеви болести за една третина

Ви се јаде нешто слатко? Без размислување посегнете по чоколадото. Така ќе почувствувате големо задоволство, а во исто време ќе го подобрите здравјето на вашето срце. Редовното консумирање на чоколадо го намалува ризикот од појава на болести на срцето за една третина, тврдат научниците.

Најголемото истражувањето од овој тип досега покажало дека луѓето кои редовно јадат чоколадо имаат за 37% помал ризик од појава на кардиоваскуларни болести, во споредба со оние кои многу ретко јадат чоколадо.

Чоколадо

Оваа констатација доаѓа од истражувачи од Универзитетот Кембриџ, кои ги анализирале резултатите од 7 одделни студии, а во кои учествувале вкупно 100 000 луѓе. Резултатите покажале дека ризикот од мозочен удар кај луѓето кои редовно консумираат чоколадо се намалува со 29%.

Уште подобра вест е што ова не важи само за црното чоколадо. Истражувањето опфаќало и луѓе кои консумираат млечни чоколада, чоколадни колачиња и други чоколадни десерти.

Сепак, научниците предупредуваат дека ова не треба да биде поттик луѓето да се прејадуваат со чоколадо. Истражувањата велат дека умерената консумација, која вклучува 1-2 парченца дневно, има најдобар ефект.

Ако ја барате најздравата опција, експертите сепак препорачуваат да изберете темно чоколадо.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11999 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.