Почетна » Новости » Истражувања » Црниот чај го намалува крвниот притисок

Црниот чај го намалува крвниот притисок

Намалувањето на крвниот притисок можете да го додадете во списокот со здравствени бенефиции на црниот чај. Австралиско истражување покажало дека луѓето кои пијат три чаши црн чај дневно го намалуваат својот крвен притисок со 2-3 милиметри живин столб.

Чај

Иако тоа не звучи многу, истражувачите велат дека дури и малото намалување на крвниот притисок, како тоа што било забележано во текот на истражувањето, може да има големо влијание на намалувањето на бројот на лицата кои имаат хипертензија (покачен крвен притисок) и намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Во рамките на истражувањето биле набљудувани 95 мажи и жени со просечен систолен притисок помеѓу 115 и 150 mmHg. Половина од учесниците пиеле три чаши црн чај дневно во текот на шест месеци, а половина примале плацебо пијалак со исто количество кофеин и со сличен вкус. На крајот на истражувањето кај оние кои пиеле црн чај било забележано опаѓање на систолниот крвен притисок со 2-3 милиметри живин столб и намалување на дијастолниот крвен притисок со 2 милиметри живин столб.

Австралиските истражувачи за првпат покажале дека долгорочното консумирање на црн чај го намалува крвниот притисок кај лица со нормален до висок крвен притисок.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11044 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.