Почетна » Новости » Истражувања » Црвено вино за подолг и поздрав живот

Црвено вино за подолг и поздрав живот

Ако сакате да наздравите со чаша алкохол, тогаш изберете во неа да има црвено вино. Се смета дека овој пијалок се бори против стареењето, го подобрува здравјето на срцето и ги намалува воспалувањата кои водат до појава на дијабетес тип 2 и мозочен удар.

Научниците веруваат дека сите овие позитивни ефекти на црвеното вино се резултат на супстанцијата ресвератрол која се наоѓа во лушпата на црното грозје.

Пар што пие виноЦрвеното вино го подобрува здравјето и го продолжува животот

Истражувачи од Универзитетот Бафало во Њујорк направиле експеримент со цел да го покажат влијанието на ресвератролот врз луѓето. Тие избрале 20 учесници и на половината од нив им давале природен суплемент што содржел 40mg ресвератрол, а на другата половина – идентична таблета којашто не ја содржела оваа супстанција. Учесниците ја примале таблетата еднаш дневно во текот на 6 седмици.

Во текот на првата, третата и последната седмица бил земен примерок крв од учесниците. Анализата на крвта покажала дека ресвератролот ги потиснува молекулите кои предизвикуваат воспалувања во телото, а исто така и супстанциите во крвните садови кои влијаат врз создавањето на инсулин и со тоа го намалува ризикот од појава на дијабетес.

Кај учесниците кои не примале ресвератрол не биле забележани вакви промени.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10284 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.