Почетна » Новости » Истражувања » Формата на главата на мажите издава дали можете да им верувате

Формата на главата на мажите издава дали можете да им верувате

Верувале или не, формата на главата може да ви потскаже дали да му верувате на еден маж или не. Научници тврдат дека мажите кои имаат широко лице се полукави и посклони кон лажење и мамење.

„Ние демонстриравме дека мажите со широки лица се чувствуваат помоќни и тие чувства на моќ директно водат до помалку етичко однесување, вклучително и лажење и мамење“ – изјавил д-р Мајкл Хаселхан.

Маж со тесно лицеСпоред научниците, повеќе треба да им се верува на мажите со тесно лице

Д-р Хаселхан ги темели своите заклучоци врз основа на резултати од два експеримента. Во првиот, од 192 студенти по бизнис било побарано да учествуваат во преговори во кои едниот ќе биде продавач на куќа, а другиот купувач. Продавачот требало да се согласи да ја продаде куќата само ако купувачот ја зачува во истата состојба, а купувачот да ја купи за да направи хотел. Паровите преговарале преку e-mail. Резултатите покажале дека мажите со широко лице многу почесто лажеле за своите намери во споредба со мажите со потесно лице. Кај жените не бил забележан ваков тренд.

Во вториот експеримент, на 103 студенти им било кажано дека може да учествуваат во лотарија за награда од 50 долари. Им било кажано дека може да се пријават повеќе пати со што би си ги зголемиле шансите за да добијат, а колку пати ќе можат се пријават зависи од фрлањето на зарови. Учесниците сами ги фрлале заровите и сами го запишувале збирот, при што не биле надгледувани. Мажите кои имале широки лица во просек тврделе дека имале многу поголем збир отколку мажите кои имале потесни лица, што укажува на фактот дека мамеле.

Ваквите заклучоци на американски научници потсетуваат на теоријата на френологија, која се потпира на верувањето дека формата на главата ги одредува карактеристиките на личноста.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11989 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.