Почетна » Новости » Истражувања » Умерената шминка прави жените да изгледаат покомпетентни

Умерената шминка прави жените да изгледаат покомпетентни

Умерената шминка не само што ја акцентира женската убавина, туку и придонесува жените да изгледаат подоверливи и покомпетентни, се вели во ново истражување.

Жена со умерена шминкаУмерената шминка прави жените да изгледаат попривлечни, покомпететни и подоверливи

За да стигнат до овој заклучок, истражувачите направиле два експерименти во текот на кои 100 фотографии од 25 женски лица им биле покажувани на доброволци. Секоја жена била покажана со 4 мејкап стила – без шминка, со „природна“, со „професионална“ и со „гламурозна“ шминка. Доброволците кои ги гледале фотографиите требало да ги оценат жените според критериуми како привлечност, компетентност и доверливост.

Прво на доброволците им била покажана секоја фотографија само за 250 милисекунди. Резултатите покажале дека сите лица со шминка, без разлика на мејкап стилот, ја освоиле наклонетоста на доброволците и добиле повисоки рејтинзи, во споредба со лицата без шминка.

Фотографија од истражувањетоДел од фотографиите кои биле вклучени во експериментот

Потоа фотографиите им биле покажани подолго време. Доброволците ги оцениле лицата со „природна“ и „професионална“ шминка како попривлечни, подоверливи и покомпетентни. Но, лицата со „гламурозна“ шминка иако ги оцениле како попривлечни и покомпетентни, ги рангирале и како лица на кои помалку може да им се верува.

Ненси Еткоф, која го предводела истражувањето, смета дека овие констатации треба да служат како порака за жените дека козметиката може да влијае не само на нивната физичка привлечност, туку и на начинот на којшто другите луѓе ја перципираат нивната компетентност и доверливост.

Сепак, експертите сметаат дека е многу важно жените да се чувствуваат пријатно, дури и тоа да значи да не користат шминка.

„Ова истражување покажа дека козметиката го менува начинот на којшто другите ја перципираат вашата убавина, но постојат и други нешта кои можат да направат да се чувствувате убаво. Вашата топлина, самодоверба и енергија ги привлекува другите кон вас. Нема ништо попривлечно од самоуверена жена со сопствен глас, со сопствен стил и која се чувствува пријатно во сопствената кожа“ – изјавила Ен Кернеј-Кук, директорка на Институтот за психотерапија во Синсинати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11999 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.