Почетна » Новости » Истражувања » Убавите луѓе се посебични

Убавите луѓе се посебични

Убавите луѓе се посреќни и побогати, велат неодамнешните истражувања. Но сепак, убавината не носи само добри нешта.

Најновото истражување чии резултати ќе бидат публикувани до крајот на овој месец покажало дека луѓето со симетрични лица, кои всушност се оценуваат како поубави, се значително посебични од останатите.

Убава женаУбавите луѓе се посклони да ги гледаат своите интереси отколку да соработуваат за доброто на сите

Истражувачите откриле дека убавите луѓе се помалку склони да соработуваат за доброто на сите, а се посклони да си ги гледаат сопствените интереси.

Во текот на истражувањето, луѓето со посиметрични лица не само што помалку соработувале, туку и помалку очекувале другите да соработуваат.

Научниците објаснувањето го бараат во еволуцијата. „Луѓето со симетрични лица се поздрави и попривлечни, тие исто така се и посамостојни и се склони помалку да соработуваат и да бараат помош од другите“ – објасниле научниците Сантијаго Санчез-Паез и Енрике Туриегано за спроведената студија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.