Почетна » Новости » Истражувања » Тајните зад кошмарите

Тајните зад кошмарите

Жена во кревет

Многу луѓе се будат сред ноќ преплашени од она што го сонувале, но има и такви кои тврдат дека многу ретко сонуваат. Вистината е дека сонувањето е неизбежен дел од спиењето и се случува секоја ноќ.

Научниците долги години се обидуваат да одгатнат што стои зад кошмарите кои нè преплашуваат.

Како резултат на истражување во кое учествувале 2000 мажи и жени, било откриено дека најчестите кошмари на луѓето се: паѓање, парализираност, доцнење на важен настан, смрт на блиска личност, опаѓање на забите или косата или полагање на испит.

Дури 48% од учесниците во истражувањето изјавиле дека никогаш не сонуваат кошмари, 10% признале дека сонуваат кошмари неколку пати годишно, а 20% водат битка со кошмарите барем еднаш на две недели.

Мажите почесто сонуваат кошмари поврзани со насилство и отпуштање од работа, а жените — кошмари за загуба на близок или сексуално малтретирање.

Д-р Мајкл Шредл од Институтот за изучување на соништата, за Daily Mail изјавил дека соновите во кои некој ве гони, паѓате или сте парализирани немаат директна врска со искуствата во реалниот живот.

Тој додал и дека да ве брка чудовиште значело дека се плашите од некоја задача што ве очекува и што сакате да ја избегнете.

Други интересни заклучоци од ова истражување се:

  • Паѓање на забите сонувале почесто жените, а значело дека сте вознемирени поради стареењето и загубата на убавиот изглед.
  • Паѓање од високо сонувале почесто жените, а значело дека се заљубувате или одљубувате.
  • Парализираност сонувале подеднакво и двата пола, а значело дека се чувствувате заробени во врската.
  • Автомобилска или авионска несреќа сонувале почесто мажите, а значело дека чувствувате губење на контрола врз животот.
  • Паѓање на испит сонувале подеднакво и двата пола, а значело недостаток на самодоверба.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.