Почетна » Новости » Истражувања » Спротивностите НЕ се привлекуваат: привлечните луѓе сакаат привлечни партнери

Спротивностите НЕ се привлекуваат: привлечните луѓе сакаат привлечни партнери

Често се вели дека во љубовта важи изреката „Спротивностите се привлекуваат“. Но, научниците тврдат дека тоа НЕ ВАЖИ кога станува збор за физичката привлечност.

Истражувачи од Универзитетот Калифорнија откриле дека луѓето избираат партнери кои се од иста лига како нив во однос на надворешниот изглед и привлечноста.

Убав парЛуѓето избираат партнери кои се од иста лига како нив

За да ја потврдат својата хипотеза, научниците проучувале 3000 лица на сајт за запознавање. Тие прво ја измериле популарноста на секој од учесниците, а потоа го анализирале нивното однесување.

По направените анализи, станало јасно дека популарните лица покажале многу повеќе интерес кон други популарни членови на сајтот. И обратно, непопуларните членови најмногу контактирале со други непопуларни корисници.

Истражувачите тврдат дека кога луѓето избираат партнер, прво проценуваат колку вредат самите, а потоа бараат партнер кој има слично ниво на привлечност и е исто толку посакуван колку и нив.

Дополнително било направено уште едно истражување со милион учесници кое уште еднаш ги потврдило резултатите на американските научници дека луѓето бараат партнери на исто ниво.

Многу други досегашни истражувања покажале дека луѓето бараат слични партнери и во однос на интересите и карактерот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9487 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.