Почетна » Новости » Истражувања » Совршениот маж не постои

Совршениот маж не постои

Никој не е совршен и повеќето жени признаваат дека немаат до себе совршен партнер. Имено, ново истражување вели дека 75% од жените не веруваат дека постои совршениот маж, а повеќето жени би го оцениле својот партнер како „69% совршен“.

Маж и женаЖените би им „простиле“ на мажите што гледаат многу спорт, но бараат од нив да ги слушаат додека зборуваат

Мааните и недостатоците кои ги посочиле 2.000-те учеснички во анкетата биле различни, но во главно се поврзани со хигиената или односот на партнерот кон нивното семејство и пријателите.

„Изгледа дека жените се доста реални во однос на она што го бараат од својот партнер. Додека жените радо би им прогледале низ прсти за неколку вообичаени недостатоци, постојат одредени начини на однесување со кои мажите не можат да поминат така лесно“ – изјавила Ники Мекрејнолдс, маркетинг директор на компанијата Remington, која го финансирала истражувањето.

Истражувањето открило дека на секоја трета жена не би ѝ сметало партнерот да поминува многу време гледајќи спорт, сè додека тој ја слуша кога е потребно.

Секоја петта жена е убедена дека нејзиниот партнер само глуми дека ја слуша, додека повеќето жени сметаат дека она што го зборуваат им влегува на мажите од едното уво, а од другото им излегува.

Топ 20 машки несовршености

  1. Не се сложува со нејзиното семејство
  2. Ја користи нејзината четка за заби
  3. Ја остава тоалетната шолја нечиста
  4. Ги мрази нејзините пријатели
  5. Не е добар со деца
  6. Мрзелив е
  7. Има голема бушава брада која никогаш не ја бричи
  8. Ја остава грицкалката за нокти насекаде
  9. Вози како тркач
  10. Намќорест е
  11. Мамино синче е
  12. Го користи тоалетот со отворена врата
  13. Ги остава валканите алишта на подот
  14. Не ги средува влакната на лицето
  15. Го критикува нејзиното возење
  16. Подригнува или испушта гасови
  17. Мрази кучиња
  18. Не помага во миењето чинии
  19. Гледа премногу спорт
  20. Не помага во готвењето

Кога анкетираните жени биле запрашани што е најважно за еден маж да биде совршен, најмногу (35%) одговориле дека најважен е добриот карактер, а на второ место по важност е смислата за хумор.

Дејвид Бекам бил избран од жените како најсовршен селебрити маж.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.