Почетна » Новости » Истражувања » Со повеќе овошје и зеленчук против рак на белите дробови

Со повеќе овошје и зеленчук против рак на белите дробови

Најголемиот дел од витамините и минералите коишто ги внесуваме во организмот доаѓаат од овошјето и зеленчукот. Па затоа, воопшто не е чудно што постојано се појавуваат истражувања кои докажуваат колку е корисна нивната консумација.

Ново истражување во кое учествувале 700 лица покажа дека редовната консумација на овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови. Овој заклучок важел и за пушачите и за непушачите.

Жена што јаде овошјеРедовната консумација на овошје и зеленчук го намалува ризикот од појава на рак на белите дробови и кај пушачите и кај непушачите.

Друго американско истражување пак покажало дека консумирањето на еден и пол овошен плод или голема лажица со зеленчуци заштитува од појавата на хроничен бронхитис.

Луѓето коишто јадат многу целер имаат за 60% помал ризик од појава на бронхитис во споредба со оние кои јадат многу мало количество.

Овошјето и зеленчукот содржат многу корисни супстанции како алфа-каротени, бета–каротени и ликопен, коишто го заштитуваат телото од многу болести, меѓу кои и многу форми на рак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9534 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.