Ако имате проблем со висок холестерол, научниците велат дека само намалувањето на консумацијата на мрсна храна не е најдобра стратегија. Многу поефективно е да ја збогатите вашата исхрана со овес и јаткасти плодови.
Овесната каша е одличен оброк ако имате висок холестерол
Канадски истражувачи го следеле нивото на холестерол на пациенти кои имале висок холестерол. Било откриено дека оние учесници кои во својата исхрана внесувале јаткасти плодови, соја и овес, во рок од 6 месеци успеале да го снижат нивото на „лош“ холестерол со 13%.
За споредба, кај пациентите кои единствено ја ограничиле консумацијата на храна богата со заситени масти, нивото на „лош“ (LDL) холестерол било намалено само со 3%.
„Ако им покажеме на луѓето дека можат да го контролираат својот холестерол, им враќаме дел од одговорноста, но исто така ја враќаме моќта во рацете на обичните граѓани“ – изјавил Дејвид Џенкинс, кој го предводел истражувањето.
