Почетна » Новости » Истражувања » Со насмевка до поздраво срце

Со насмевка до поздраво срце

Среќата и убавото расположение помагаат за подобрување и на психичкото и на физичкото здравје. Стотици истражувања ја истакнуваат потребата од повеќе позитивно мислење и радост во животот, во борбата против стресот и депресијата.

Среќна женаПозитивното мислење, радоста, среќата и возбудата го подобруваат здравјето на срцето.

Сега има уште еден доказ дека позитивното мислење, радоста, среќата и возбудата помагаат и за физичкото здравје, поточно за здравјето на срцето. Истражување на Медицинскиот центар на Универзитетот Колумбија во Њујорк, покажа дека посреќните луѓе кои што се радуваат и мислат позитивно помалку страдаат од срцеви болести.

За целта на истражувањето биле набљудувани 1739 здрави возрасни луѓе во период од 10 години.

„Учесниците кои не доживувале пријатни позитивни емоции како среќа, радост, возбуда, се изложени на 22% поголем ризик од срцев удар или ангина, отколку оние учесници кои во мал степен ги доживуваат овие емоции“ – изјавила д-р Давидсон, која го предводела истражувањето.

Истражувачите препорачуваат секој човек редовно да си зема дневна доза на задоволство преку хобија како читање или слушање музика.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11967 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.