Почетна » Новости » Истражувања » Смеењето може да ви го продолжи животот за 7 години

Смеењето може да ви го продолжи животот за 7 години

Позитивното мислење, оптимизмот и среќата докажано го намалуваат стресот и помагаат за подобрување на здравјето. Ново истражување уште еднаш нè потсетува колку е тоа вистина.

Експерти од Универзитетот Wayne State во Мичиген, анализирајќи слики од 230 славни бејзбол играчи, утврдиле дека искрената широка насмевка може да го продолжи животот и до 7 години.

Насмевната женаСмеењето го продолжува животот.

Набљудувајќи слики од 1952 година, истражувачите ги рангирале играчите според тоа дали се насмеани, дали имаат половична насмевка која ги активира само мускулите околу устата или дали имаат широка насмевка која што вклучува и подигање на образите и собирање на кожата околу очите во вид на брчки.

Потоа ги споредиле анализите на сликите со животниот век на играчите и утврдиле дека играчите кои немале насмевка на лицата живееле во просек 72,9 години, оние кои што половично биле насмеани живееле во просек 75 години, а оние кои имале широка насмевка – 79,9 години.

Истото истражување покажало дека лажната насмевка не го носи истиот ефект, затоа што не забележале подолг живот кај играчите кои имале насмевка која ги активира само мускулите околу устата.

Неодамна друго истражување покажа дека среќата го намалува и ризикот од срцеви заболувања.

Па, продолжете го денот со насмевка за да си го продолжите животот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10400 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.