Почетна » Новости » Истражувања » Смеењето е најдобриот лек

Смеењето е најдобриот лек

Покрај многуте истражувања кои покажале колку е корисна насмевката за здравјето, сигурно веќе малку се луѓето кои не веруваат во чудотворната моќ на смеењето.

Кон тој куп од докази може да се додаде и новото истражување кое покажало дека веселото смеење е подеднакво здраво како и вежбањето. Истражувањето спроведено во Калифорнија покажало дека смеењето ги намалува крвниот притисок и стресот и го зајакнува имуниот систем, исто како што тоа го прави умереното вежбање.

Среќна женаСмеењето е најдобриот лек

Д-р Ли Берк, кој што го предводел ова истражување смета дека смеењето со својот позитивен ефект може да влијае за намалувањето на срцевите болести и дијабетесот. Овој научник веќе 20 години се занимава со проучување на ефектите на смеењето и е еден од најкомпетентните во оваа област.

Во 90-тите години тој открил дека смеењето го зголемува бројот на „природни убијци на клетки“ кај пациентите болни од канцер. Овие природни убијци на клетки се начин на кој што телото се бори против туморите.

Во 1997 година д-р Берк извел експеримент со срцево болни пациенти. Едната група пациенти гледале телевизиска комедија секој ден по еден час во текот на една година, а другата не. Разликата во резултатите на крајот од годината била голема. Само 8% од групата во која што учесниците редовно гледале комедии доживеале повторно срцев удар, во споредба со 48% од групата во која учесниците не уживале во комедии.

Друго истражување пак покажало дека гледањето на комедии по половина час секој ден помага за намалување на нивото на хормоните на стресот, а исто така и го зголемува производството на хормони кои му помагаат на имуниот систем да се бори против инфекции.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.