Почетна » Новости » Истражувања » Слатката храна прави полесно да простуваме

Слатката храна прави полесно да простуваме

Кога некој ќе ви згреши нешто, побарајте го своето омилено чоколадо, затоа што според научниците, слатката храна прави полесно да ги „голтнеме“ лошите вести.

Истражувањата покажале дека шеќерот нè прави „поблаги“, така што стануваме посклони да му простиме на оној што ни згрешил. Се верува дека шеќерот предизвикува мозокот да го потисне чувството за одмазда и прави полесно да простиме и заборавиме.

Жена што јаде тортаШеќерот нè прави „поблаги“ и посклони да му простиме на оној што ни згрешил

Истражувачите на Универзитетот Кентаки ја анализирале поврзаноста помеѓу симптомите на најчестиот тип на дијабетес и способноста за простување. Четири одделни експерименти покажале дека мажите и жените со најголеми симптоми на дијабетес поретко простувале.

Кога биле запрашани дали би му се одмаздиле на некој што ќе издаде некоја нивна тајна, најголем дел од нив одговориле потврдно.

„Овие откритија се првиот доказ дека способноста за простување зависи од тоа колку ефективно телото ја користи гликозата“ – изјавиле научниците.

Ова не е прв пат научниците да откријат дека консумирањето на слатка храна има позитивни страни. Претходни истражувања потврдиле дека слатката храна го намалува стресот и ги прави луѓето помалку агресивни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.