Почетна » Новости » Истражувања » Седењето пред компјутер ни го отвора апетитот

Седењето пред компјутер ни го отвора апетитот

Седењето пред компјутер ни носи дополнителни килограми, но не само поради тоа што не сме физички активни, туку и затоа што ни се зголемува апетиот. Истражување на Универзитетот во Копенхаген покажало дека гледањето во мониторот ни го отвора апетитот за слатка храна, како чоколадо, бисквити и колачиња.

Жена со лаптопГледањето во мониторот ни го отвора апетитот за чоколадо, бисквити и колачиња

Во рамките на истражувањето, биле формирани две групи на женски студенти. Студентките од првата група добиле задача на компјутер да направат резиме на одреден текст, а оние од втората група се релаксирале во текот на 45 минути.

Жените кои работеле на компјутер потрошиле само 3 калории повеќе, но кога им бил даден пристап до храна, изеле многу повеќе во споредба со жените што се одмарале. Всушност, студентките што работеле на компјутер изеле во просек по 230 калории повеќе, а преферирале мрсна и слатка храна.

Се верува дека психичкиот стрес предизвикан од работата на компјутер води до промена во нивоата на шеќер во крвта и на хормоните и тоа го наведува мозокот да мисли дека истрошил многу калории кои треба да бидат надоместени.

Играњето компјутерски игри и гледањето телевизија го имаат истиот ефект.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11605 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.