Почетна » Новости » Истражувања » Сè поголем број разводи се поврзани со Facebook

Сè поголем број разводи се поврзани со Facebook

Facebook е најпопуларната друштвена мрежа, а освен за комуникација, луѓето ја користат и за флертување и љубовни војни, па сè повеќе бракоразводни парници вклучуваат докази токму од Facebook.

Британскиот веб сајт за разводи Divorce-Online открил дека во 2011 година Facebook фигурирал во дури 33% од бракоразводните парници. Само пред две години Facebook бил посочен во 20% од разводите.

Онлајн неверство

Трите најчести причини поради кои Facebook бил споменат во документите за развод се:

  • Непристојни пораки до корисници од спротивниот пол;
  • Гадни коментари кои разделените сопружници си ги пишуваат еден на друг;
  • Facebook пријатели кои известуваат за однесувањето на партнерот.
  • Не само што преку Facebook луѓето дознаваат за неверствата на своите сопруги или сопрузи, туку и го користат како место за вербална војна при разделбата, па тие гадни коментари се користат при тужбите за распределување на имотот или за одредување на старателството над децата.

    „Друштвените мрежи станаа примарна алатка за комуникација и според мое мислење, надвладеаја над SMS пораките и електронската пошта. Ако некој сака да има афера или да флертува со претставник на спротивниот пол, таму може најлесно да го прави тоа“ – изјавил Марк Кинан, гласноговорник на Divorce-Online.

    Минатата година истражување на Американската академија за адвокати покажало дека 20% од бракоразводните парници во САД вклучуваат докази од Facebook.

    Дека Facebook е значаен фактор при разведувањето покажува и неодамнешен случај во Конектикат, кога судијата им наредил на сопругот и сопругата да ги откријат пред судот своите лозинки за да можат да бидат обезбедени докази за судска парница која вклучувала и битка за старателство.

    Иако многу луѓе сметаат дека Facebook е причина за сè поголем број на неверства, голем број на експерти тврдат дека всушност Facebook не е виновникот и дека секогаш луѓето можат да пронајдат начин да изневеруваат. „Не е фер да го обвиниме Facebook или сајтовите за запознавање, затоа што тие се само превозното средство, а не возачот“ – велат експертите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29045 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.