Почетна » Новости » Истражувања » Свекрвата и парите – најчести причини за кавга на паровите

Свекрвата и парите – најчести причини за кавга на паровите

За што се расправаат паровите? Истражување на Philips покажало дека парите, домашните обврски и свекрвата се топ причини за кавга на паровите.

Резултатите покажале дека лошото менаџирање на парите, отсуството на заштеда и пренатовареноста на жените со домашни обврски редовно предизвикуваат расправии.

Освен тоа, кавгите започнуваат и поради консумацијата на алкохол, што да се гледа на ТВ и времето неопходно за подготовка пред излегување.

КавгаСекој десетти пар влегува во расправија по еднаш дневно

„Паровите секогаш ќе се расправаат. Дури и за тривијални нешта како кој да го држи далечинскиот управувач, оставањето на мокри крпи на подот или предолгата подготовка за излегување“ – изјавила Денис Харвин, претставник на компанијата што стои зад истражувањето.

Истражувањето, кое било спроведено со учество на 2000 Британци, покажало уште и дека жените победуваат во три од секои пет расправии, а две на секои пет жени се подготвени да се расплачат за да биде по нивно.

Но, не плачат само жените. 13% од мажите признале дека повремено пуштаат по некоја солза.

Мажите почесто се повлекуваат од расправиите, признаваат дека погрешиле и се извинуваат за да го вратат мирот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11996 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.