Почетна » Новости » Истражувања » Само еден час слушање на MP3 плеер го оштетува слухот

Само еден час слушање на MP3 плеер го оштетува слухот

Сè популарно станува секојдневното слушање на музика на МP3 плеер. Всушност, скоро 90% од младите луѓе во Европа и Америка користат МP3 плеер неколку часа дневно и тоа на максимално пуштен глас.

Експертите постојано предупредуваат дека таквата навика може да доведе до трајно оштетување на слухот. Ново истражување потврди дека само еден час слушање музика на слушалки дневно е доволен за да дојде до оштетување на слухот.

Жена што слуша музикаСлушањето музика на слушалки само еден час дневно е доволно за да дојде до оштетување на слухот

Истражувачите тврдат дека едночасовното слушање музика води до промена на слухот и подоцна може да придонесе за појава на долготрајно оштетување.

За да дојдат до овие заклучоци, научниците правеле испитувања на 60 лица на возраст од 19 до 28 години. Учесниците требало да слушаат поп и рок музика во текот на еден час. Пред и после секое изложување на музика учесниците биле подложени на тестирања и нивните резултати биле споредувани со контролна група.

Ова не е прв пат да се спроведуваат вакви истражувања и да се упатуваат предупредувања. Европската Комисија предупреди дека 10% од луѓето на возраст од 20-30 години ќе мора да носат апаратче за слушање во текот на наредната деценија, само поради тоа што слушаат гласна музика на слушалки.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.