Почетна » Новости » Истражувања » Сакате успешно да ослабите? Не кажувајте дека сте на диета

Сакате успешно да ослабите? Не кажувајте дека сте на диета

Наближувањето на прославите за новогодишните и божиќните празници ќе натера многу жени да започнат да држат диета за слабеење. Со цел да си ги зголемите шансите за успех на диетата, научниците даваат еден интересен совет – не кажувајте никому дека сте на диета.

Истражување на Универзитетот Њујорк покажало дека диетата е поуспешна кај оние лица кои не го споделувале својот рестриктивен режим на исхрана со своето семејство и пријателите.

Жена што чува тајнаНе кажувајте дека сте на диета за да си ги зголемите шансите за успех

Научниците веруваат дека причината за ваквите резултати е тоа што позитивните коментари и охрабрувањата кои луѓето што се диета ги добиваат од своите пријатели и блиски може да бидат интерпретирани како постигнување, па како резултат на тоа да престанат да се придржуваат толку строго кон правилата на диетата.

Професорот по психологија д-р Питер Голвицер за CNN изјавил дека постојат различни начини да се спречи овој „феномен“.

Тој советува дека е најдобро да премолчите за своите намери за слабеење. Или пак, да им кажете само на едно или две лица кои можат да влијаат врз вас и вашето однесување, за да ви помогнат да издржите и да ги остварите вашите планови.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.