Почетна » Новости » Истражувања » Сакате да живеете подолго? Бидете среќни

Сакате да живеете подолго? Бидете среќни

Насмевнете се и исполнете се со позитивни емоции. Не само што ќе им изгледате попривлечно на другите луѓе, туку и ќе си го подобрите здравјето и ќе си го продолжите животот.

Ризикот од прерана смрт кај среќните луѓе е за 35% помал во споредба со тажните, тврдат научниците од University College од Лондон.

Среќна женаСреќните луѓе живеат подолго

Во истражувањето, нешто помалку од 4.000 учесници на возраст од 52 до 79 години требало да ги оценуваат своите чувства на среќа или вознемиреност 4 пати дневно, започнувајќи од моментот на будење. Научниците ги следеле доброволците во текот на 5 години и го регистрирале бројот на смртни случаи за тој период.

Резултатите покажале дека луѓето кои ги оценувале највисоко своите чувства на среќа живееле подолго од оние кои ги оценувале ниско.

„Бев малку изненаден што ефектот на среќата е толку силен, дури и кај луѓето кои страдаа од хронични болести“ – изјавил Ендрју Степто, професор по епидемиологија и психологија.

Други истражувачи кои ја проучуваат среќата сметаат дека токму ова истражување е многу важно. „Се надевам дека ќе продолжат да ја следат оваа група во наредните 10 до 15 години“ – вели Стефан Пост, професор по превентивна медицина, затоа што верува дека разликата во смртноста меѓу среќните и тажните може да биде уште поголема.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.