Почетна » Новости » Истражувања » Сакате да ви успее диетата? Не ја започнувајте во вторник

Сакате да ви успее диетата? Не ја започнувајте во вторник

Сакавте денес да започнете со диета? Подобро одложете ја. Истражувачите откриле дека вторник е најлош ден во неделата за започнување на диета.

Голема е веројатноста дека луѓето кои започнале диета во вторник ќе се откажат по само една седмица, велат истражувачите и порачуваат дека најдобри денови за започнување на диета се недела и понеделник.

Жена на диетаНајдобри денови за започнување диета се недела и понеделник

За да стигнат до овие заклучоци, британски истражувачи анкетирале 2000 луѓе кои биле на диета во изминатава година. По анализирањето на податоците било откриено дека луѓето кои започнуваат со диета во недела губат во просек по 3,6 килограми во текот на првите три недели од диетата, а 88% од нив не си ги враќаат изгубените килограми.

Експертите сметаат дека ваквите резултати се рационални затоа што во недела луѓето се слободни и имаат време да си направат план, да се снабдат со потребните диетални производи и да се подготват психички за претстојните промени во исхраната.

Истражувањето уште еднаш покажало дека најкобниот ден за диетата е петок. Најмногу луѓе се откажуваат од диета во петок, бидејќи по стресната работна недела чувствуваат дека заслужуваат да се наградат.

Истражувачите констатирале и дека во просек жените држат по 3 диети годишно.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11999 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.