Почетна » Новости » Истражувања » Романтичните комедии ги уништуваат врските

Романтичните комедии ги уништуваат врските

Романтичните комедии се особено популарни во денешно време. Иако главната приказна секогаш е иста – убава девојка ќе привлече згодно момче, ќе имаат проблеми, неколку забавни мигови, неколку романтични сцени и завршуваат со порака „среќни до крајот на нивните животи“, повеќето луѓе не можат да им одолеат.

Можеби ваквите филмови се одлични за релаксација, но истражувањата покажале дека влијаат многу лошо врз врските во реалниот живот.

Notting HillЏилија Робертс и Хју Грант во Notting Hill

Австралиско истражување открило дека овој жанр на филмови направил луѓето да започнат да се прашуваат зошто нивните врски не се така забавни и исполнети со вечна среќа како што се врските на екраните.

Повеќе од 50% од 1000-те учесници изјавиле дека романтичните комедии им ја уништиле претставата за идеална врска. Секој четврти очекува да знае што точно мисли неговиот партнер, а една петтина изјавиле дека очекуваат подароци и цвеќиња без никаков повод.

Друго истражување пак потврдило дека филмовите како Notting Hill и Runaway Bride имаат значаен ефект врз врските, затоа што промовираат нереални очекувања за љубовта. Исто така, било откриено дека паровите не комуницираат ефективно откако ќе гледаат некоја романтична комедија.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10340 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.