Почетна » Новости » Истражувања » Ријана ќе заработи половина милион долари за 1 час

Ријана ќе заработи половина милион долари за 1 час

Ниту еден голем настан во изминатиов период не помина без настап на Ријана. Енергичната пејачка добиваше силни аплаузи на секоја сцена, а зад сцената сигурно и големи суми пари.

Еден од наредните настапи на Ријана добро ќе го наполни нејзиниот џеб. Пејачката која вчера го прослави својот 23-ти роденден ќе добие 500 000 долари за едночасовен настап на хуманитарна гала вечер во Флорида.

Ријана и ДрејкРијана и Дрејк на сцената на полувремето на Олстар натпреварот

Околу 600 гости ќе присуствуваат на вечерта организирана за собирање на средства за Dana-Farber Cancer Institutе.

ВИП гостите кои сакаат да имаат маса со 10 места треба да платат 200 000 долари, а „најскржавите“ посетители треба да платат по 2000 долари од човек.

Ријана вчера ја подигна публиката на нозе на полувремето на NBA All-Star натпреварот, каде настапи на сцената со Дрејк и Кание Вест.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10617 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.