Почетна » Новости » Истражувања » Рибата нè прави попаметни

Рибата нè прави попаметни

Со право се вели дека рибата е храна за мозокот. Научниците уште еднаш потврдија дека храната богата со омега-3 масни киселини, како што е рибата, го подобрува протокот на крв кон мозокот и со тоа ја подобрува неговата функција при извршување на умствени задачи.

ЛососЛососот е богат извор на омега-3 масни киселини

За да го потврдат делотворниот ефект на рибата, истражувачите направиле два експерименти во кои на доброволци им биле давани суплементи богати со DHA (омега-3 масна киселина).

Резултатите од првиот експеримент покажале дека примањето на омега-3 суплементи при извршување на умствени задачи го зголемува протокот на крв кон активните области на мозокот.

Во текот на вториот експеримент на лица на возраст од 18 до 35 години им биле давани суплементи во текот на 3 месеци. Резултатите покажале дека кај нив се намалило времето за реакција и нивото на замор по извршувањето на одредени задачи.

Научниците сметаат дека резултатите од ова истражување можат да помогнат во лекувањето на деменција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.