Почетна » Новости » Истражувања » Расправиите се добри за здравјето

Расправиите се добри за здравјето

Наредниот пат кога ќе почувствувате лутина кон вашиот партнер, дете или шеф, не премолчувајте и кажете на глас сè што ви смета. Научниците уште еднаш потврдија дека расправиите се корисни за здравјето. Тие сметаат дека сме посреќни и порелаксирани кога ќе искажеме на глас сè што ни лежи на душата и дека избегнувањето на расправиите води до поголем стрес.

РасправијаРасправиите го намалуваат стресот

Ново американско истражување покажа дека луѓето кои ги избегнуваат расправиите доживуваат абнормално варирање на нивото на кортизол, хормонот на стресот. За да дојдат до тој заклучок, научниците набљудувале 1842 учесници во текот на 8 дена и тестирале примерок од нивната плунка.

На крајот од истражувањето било заклучено дека учесниците кои ги избегнувале расправиите имале повеќе болки, чувствувале гадење и поголем и подолготраен стрес.

Претходни истражувања во оваа област покажале дека сопрузите кои избегнуваат караници е поверојатно да умрат порано од сопрузите кои не избегнуваат расправии.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.