Почетна » Новости » Истражувања » Ранобудните се послаби и посреќни

Ранобудните се послаби и посреќни

Започнете го денот порано за да имате подобра фигура и подобро расположение. Научниците велат дека раното станување придонесува луѓето да се посреќни, поздрави и послаби во споредба со оние кои си поспиваат до покасно.

Британските истражувачи тврдат дека луѓето кои не можат да му одолеат на искушението да се излежуваат до доцните утрински часови се подепресивни, чувствуваат поголем стрес и имаат позаоблена фигура.

Ранобудна девојкаСтанете порано за да бидете посреќни и поздрави

За да го констатираат тоа, истражувачите испрашувале 1068 мажи и жени за нивното ниво на среќа и вознемиреност, нивното физичко здравје и нивните навики за хранење и спиење.

Тие идентификувале две групи: „утрински луѓе“, кои во просек станувале пред 7 часот наутро, и „вечерни луѓе“, кои станувале во просек неколку минути пред 9 часот.

„Има утрински луѓе и вечерни луѓе. Првите се поздрави и посреќни и имаат понизок BMI“ – изјавил д-р Хубер, кој го предводел истражувањето.

Истражувачите сметаат дека ова се должи на тоа што ранобудните имаат повеќе време за да ги извршат сите обврски и полесно се справуваат со динамичниот модерен начин на живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.