Почетна » Новости » Истражувања » Раниот секс двојно го зголемува ризикот од рак

Раниот секс двојно го зголемува ризикот од рак

Млад пар

Жените кои се сексуално активни на порана возраст се изложени на поголем ризик од рак на грлото на матката. Тоа го покажа ново истражување на Меѓународната агенција за истражувања на ракот, а во кое учествувале 20 000 жени.

Раководителката на истражувањето, д-р Силвиа Франчески, изјави дека ризикот од појава на рак на грлото на матката е поголем кај жените кои имале сексуални односи на 20 години, во споредба со оние кои првиот сексуален однос го доживеале на 25.

Со ова истражување било утврдено и дека посиромашните жени се поизложени на рак на грлото на матката, поради тоа што се склони да имаат секс во просек 4 години порано од побогатите.

Резултатите од истражувањето се објавени во British Journal of Cancer.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9533 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.