Почетна » Новости » Истражувања » Пцуењето ја намалува болката

Пцуењето ја намалува болката

Си ги потфативте прстите со вратата и ви доаѓа да опцуете? Сторете го тоа. Ако научниците се во право, ќе ви се намали болката што ја чувствувате, особено ако обично не користите пцости.

Британски истражувачи уште еднаш потврдиле дека пцуењето помага при намалувањето на болката и тој ефект е најголем кај лицата кои многу малку користат „срамни“ зборови во секојдневната комуникација.

Жена што пцуеПцуењето помага за намалување на болката при повреди

Во текот на истражувањето, 70 студенти биле поделени во две групи – во едната биле студентите кои пцујат помалку од 10 пати дневно, а во втората оние кои пцујат до 40 пати дневно.

Сите тие требало да ги држат рацете потопени во многу ладна вода колку што е можно подолго. Првиот пат им било кажано да повторуваат обичен збор, а вториот пат требало да повторуваат пцовка по свој избор.

Учесниците кои обично не користеле пцости, додека пцуеле можеле да издржат со рацете во водата и до 45 секунди повеќе, отколку кога не пцуеле. Но, оние учесници кои биле научени секојдневно да пцујат можеле да издржат само 10 секунди повеќе.

Истражувачите советуваат да не се користи таков „срамен“ јазик секојдневно за да имате поголема полза од пцостите кога навистина чувствувате голема болка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.