Почетна » Новости » Истражувања » Пушењето е поштетно за жените отколку за мажите

Пушењето е поштетно за жените отколку за мажите

Пушењето е штетно за сите, без оглед на полот, но научниците тврдат дека цигарите се поголема закана за здравјето на жените отколку на мажите.

Анализата на 86 меѓународни истражувања во кои биле вклучени над 2,4 милиони луѓе покажала дека токсините од цигарите полошо влијаат врз здравјето на претставничките на понежниот пол.

Жена пушачЖените пушачи се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања отколку мажите пушачи

Научниците предупредуваат дека жените пушачи се изложени на 25% поголем ризик од појава на срцеви болести отколку мажите пушачи. Но, тоа не е сè. Тој ризик се зголемува со 2% за секоја дополнителна година пушење, т.е. колку подолго жената е пушач, толку поголем е ризикот.

Освен тоа, кај пушачките е двојно поголем ризикот од рак на бели дробови во споредба со пушачите, а и жените пушачи почесто страдаат од агресивна форма на оваа смртоносна болест. За да стигнат до овие констатации, истражувачите го зеле во предвид и фактот дека жените во просек пушат помалку цигари од мажите.

„Знаевме дека ризикот од рак на белите дробови е поголем кај жените отколку кај мажите, но ова е првпат да се покаже дека срцевите болести повеќе ги засегнуваат жените пушачи“ – изјавила Аманда Сендфорд од Action on Smoking and Health.

Иако бројот на пушачи на светско ниво опаѓа, експертите се загрижени поради тоа што жените се откажуваат со побавно темпо од мажите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.