Почетна » Новости » Истражувања » Псссст... Жените во просек чуваат тајна само 32 минути

Псссст... Жените во просек чуваат тајна само 32 минути

Наредниот пат кога ќе посакате да споделите своја тајна, екстремно внимателно избирајте го вашиот слушател. Ново истражување покажало дека жените обземени од желбата да озборуваат успеваат да си ја држат устата затворена во просек само 32 минути и 45 секунди пред да го прекажат она што го слушнале.

Истражувањето спроведено од козметичкиот бренд „Simple“ покажало дека секоја десетта жена не може да чува тајна, а 85% од жените не можат да се воздржат да не ги пренесат понатаму трачевите што ги слушнале од други.

ОзборувањеСекоја десетта жена не може да чува тајна, без разлика колку е важна и приватна споделената информација

Во зависност од содржината на трачот, жените најчесто прво му го прекажуваат трачот или тајната на својот сопруг, на својата мајка или на најдобрата пријателка.

Во истражувањето учествувале 3000 жени и скоро 50% од нив признале дека понекогаш имаат потреба да го намалат товарот што го чувствуваат со тоа што ќе ги споделат тајните кои им биле кажани во доверба.

Многу помалку, поточно 13% од жените, признале дека намерно раскажуваат некое озборување со цел тоа да се прошири што повеќе.

„Анкетата јасно покажа дека жените се мачат да зачуваат тајна. Откривањето на тајната по само 32 минути е многу брзо, но со модерната технологија нечија сочна тајна може да биде разгласена на огромен број луѓе низ цел свет за многу кратко време“ – изјавил претставник на компанијата која стои зад истражувањето.

Истражувањето покажало и дека озборувањето е проследено со негативни емоции. Дури 40% од учесничките признале дека чувствуваат вина откако озборувале други луѓе.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12001 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.