Почетна » Новости » Истражувања » Првото нешто што жените го забележуваат кај другите жени е колку се дебели

Првото нешто што жените го забележуваат кај другите жени е колку се дебели

Првото нешто што жените го забележуваат кај другите жени е колку се дебели, велат истражувачите. Скоро 55% од жените прво ја гледаат формата на телото на другите жени пред да го свртат погледот кон очите, тенот, висината или облеката.

За да стигнат до оваа констатација, истражувачите анкетирале 2000 жени на возраст од 18 до 45 години за нивните ставови во однос на првиот впечаток.

Три жениПрвото нешто што жените го забележуваат една кај друга е дебелината

Повеќето од учесничките во истражувањето признале дека си оформуваат мислење за другите жени само неколку секунди по запознавањето и тоа врз основа на надворешниот изглед.

Повеќе од половината (54%) признале дека првото нешто што го гледаат кај другите жени е стомакот и половината.

Околу 90% од жените знаат дека другите жени ги оценуваат врз основа на надворешниот изглед, а на половината од нив не им пречи и го очекуваат тоа.

20 работи кои жените најпрво ги забележуваат една кај друга

  1. Колку е дебела другата;
  2. Дали има ставено премногу шминка;
  3. Дали има чувство за стил;
  4. Каква фризура има;
  5. Насмевката;
  6. Кожата;
  7. Колку е висока;
  8. Дали има видливи небојадисани корени на косата;
  9. Дали претерала со вештачкиот тен;
  10. Шминката на очите;
  11. Чевлите;
  12. Големината на градите;
  13. Дали има тетоважи;
  14. Колку ѝ е кратка сукњата;
  15. Колку ѝ се прави забите;
  16. Накитот;
  17. Со каков маж е заедно;
  18. Дали има бели заби;
  19. Дали тенот ѝ е природен;
  20. Дали има средени нокти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9496 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.