Почетна » Новости » Истражувања » Почесто станувајте од столот за да го заштитите срцето

Почесто станувајте од столот за да го заштитите срцето

Ако по цел ден сте врзани за столот, често правете кратки паузи и прошетајте наоколу, макар и за една минута, за да го намалите ризикот од појава на болест на срцето.

Австралиски научници тврдат дека кратките прошетки понастрана од бирото го намалуваат ризикот од појава на кардиоваскуларни болести.

Жена што работи на компјутерПочесто правете кратки прошетки за да ја зачувате вашата линија и здравјето на вашето срце

Научниците од Универзитетот Квинсленд ги проучувале навиките на 4757 возрасни лица во текот на една седмица. Секој од учесниците носел направа за мерење на времето кое го поминува во одење или трчање, а му биле мерени и обемот на половината, крвниот притисок и нивото на протеин во крвта којшто често е висок кај луѓе кои се изложени на голем ризик од појава на срцеви болести.

Било откриено дека луѓето кои во текот на денот често стануваат од своето биро се подложени на помал ризик од прекумерна телесна тежина и висок крвен притисок, а токму тие фактори го намалуваат ризикот од потенцијално фатални кардиоваскуларни болести.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.