Почетна » Новости » Истражувања » Попај ги поттикнува децата да јадат повеќе зеленчуци

Попај ги поттикнува децата да јадат повеќе зеленчуци

Попај е еден од омилените ликови од цртаните филмови на милиони деца низ светот. Но, гледањето на цртани со Попај не само што е забавно, туку е и корисно.

Веќе долги години Попај е причината децата низ светот да јадат повеќе спанаќ. Сега и научниците потврдија дека силниот морнар влијае врз навиките за јадење на децата.

ПопајПопај е причината децата низ светот да јадат повеќе зеленчуци

Експертите откриле дека децата кои редовно го гледале Попај како се насладува на спанаќот, консумирале двојно повеќе зеленчуци.

Децата на возраст од 2 до 5 години, кои учествувале во истражувањето, јаделе четири порции зеленчуци дневно откако ќе изгледале цртан филм со Попај, а пред да гледаат филм со Попај јаделе само две.

Цртаниот лик Попај за прв пат се појавил на екраните во 1933 година и се смета дека придонел за подобрување на индустријата за спанаќ во САД во 30-тите години.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.