Почетна » Новости » Истражувања » Пообразованите луѓе чуваат мачки, а не кучиња

Пообразованите луѓе чуваат мачки, а не кучиња

Љубителите на животни си избираат милениче во зависност од многу фактори. Според резултатите од истражување на Универзитетот во Бристол, верувале или не, во тие фактори спаѓа и образованието на идниот сопственик.

Маче и кучеСопствениците на мачки се пообразовани од сопствениците на кучиња.

Сопствениците на мачки е поверојатно да имаат завршено факултет од сопствениците на кучиња, тврдат британските истражувачи.

Тие овој заклучок го образложуваат со теоријата дека пообразованите луѓе работат повеќе и поминуваат помалку време дома, па како резултат на тоа си избираат милениче кое одговара на нивниот начин на живот. Мачките можат да поминат повеќе време без присуство на човек, во споредба со кучињата кои бараат повеќе присуство на нивниот сопственик и прошетки.

Истражувањето, во кое учествувале 2980 луѓе, покажало дека најчесто сопствениците на мачки се повозрасни жени, а сопствениците на кучиња помлади мажи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.