Почетна » Новости » Истражувања » Половина од жените мразат да гледаат фотографии од себе

Половина од жените мразат да гледаат фотографии од себе

Фотографиите овековечуваат спомени. И токму затоа што остануваат засекогаш, жените сакаат на нив да изгледаат најдобро што може.

Жените по природа се самокритички настроени, па ништо не е поразлично и кога се работи за фотографиите. Ново истражување покажало дека половина од жените мразат да гледаат свои фотографии, затоа што скоро секогаш пронаоѓаат нешто што не им се допаѓа кај себе.

Засрамена женаЖените најчесто се жалат дека немаат убава насмевка на фотографии

Најчесто жените се жалат дека не им се допаѓа нивната насмевка и во тој контекст третина од учесничките во истражувањето се пожалиле дека забите не им се доволно бели на фотографии.

Кога не се жалат за својата насмевка, жените се жалат дека на фотографиите им се затворени очите или пак дека се засрамени од својата облека.

Голем број на жени се плашат дека нивните фотографии ќе добијат негативни коментари ако се појават на друштвените мрежи.

Претставничките на понежниот пол се вознемируваат од блицевите на фотоапаратите дури и на свадбениот ден. 36% од невестите признале дека се чувствуваат вознемирени затоа што се во центарот на вниманието на фотографите.

Истражувањето уште еднаш покажало дека насмевката е првото нешто што ги привлекува мажите кај жените.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11100 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.