Почетна » Новости » Истражувања » Платата влијае на шансите да бидете изневерени

Платата влијае на шансите да бидете изневерени

Американски истражувачи откриле дека заработката на партнерите влијае врз веројатноста да се соочат со изневера.

Тие сметаат дека за успешна врска во која и двата партнери ќе си бидат верни еден на друг, потребно е жената да заработува 25% помалку од својот маж. Нивните истражувања покажале дека колку што се зголемува (или намалува) таа разлика, толку е поголема веројатноста мажот да започне афера.

ИзневераМажите кои се финансиски зависни од своите жени се 5 пати посклони кон изневера

Мажите кои се финансиски зависни од своите жени се 5 пати посклони кон изневера, отколку мажите кои заработуваат исто колку своите жени. Но, ако мажот заработува повеќе, тоа не е гаранција дека тој ќе биде верен. Научниците од Универзитетот Корнел откриле дека и мажите кои заработуваат многу повеќе од своите жени е поверојатно да имаат љубовница.

Од друга страна, жените кои се финансиски зависни од своите партнери се помалку склони кон изневера, отколку жените кои заработуваат еднакво со своите партнери. Поточно, жените кои се целосно зависни од своите партнери е 75% помалку веројатно дека ќе изневерат, отколку жените кои имаат иста заработка како својот партнер.

Ова истражување, кое било спроведено со учество на илјадници мажи и жени на возраст од 18-28 години, покажало и дека не е голем бројот на луѓе кои изневеруваат. Само 3,8 од мажите и 1,4% од жените признале дека имале изневерено. Исто така, било утврдено дека пообразованите луѓе и луѓето кои редовно посетуваат црква помалку изневеруваат.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11174 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.