Почетна » Новости » Истражувања » Пиењето алкохол го забрзува стареењето

Пиењето алкохол го забрзува стареењето

Мислењето и препораките на научниците и докторите секогаш се разликуваат кога станува збор за консумација на алкохол. Дел од нив сметаат дека алкохолот е полезен, но само ако се консумира умерено, а дел се цврсти приврзаници на мислењето дека алкохолот е штетен за здравјето.

Резултатите од ново истражување спроведено во Милано, покажале дека пиењето алкохол го забрзува процесот на стареење и го зголемува ризикот од појава на рак.

Друштво наздравува со алкохолПиењето алкохол го забрзува процесот на стареење и го зголемува ризикот од појава на рак.

Тие ја набљудувале должината на т.н. теломери (дел од ДНК кој се асоцира со биолошкото стареење) кај 250 доброволци кои биле на слична возраст, јаделе слична храна, практикувале слична физичка активност и биле изложени скоро на еднакво ниво на стрес на работното место. Некои од доброволците консумирале и повеќе од 4 алкохолни пијалоци дневно.

Научниците откриле дека должината на теломерите била значително помала кај оние кои пиеле големи количини алкохол. Кај некои „алкохоличари“ теломерите биле со двојно помала должина, отколку кај доброволците кои не консумирале алкохол.

Бидејќи се смета дека малата должина на теломерите го зголемува ризикот од појава на рак, научниците претпоставуваат дека луѓето кои имаат скратени теломери како резултат на пиењето, се изложени и на поголем ризик од рак.

Сепак, од ова истражување не станува јасно дали умереното консумирање на алкохол ги носи истите последици.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.