Почетна » Новости » Истражувања » Супстанција што ќе ве спречи да јадете само за задоволство

Супстанција што ќе ве спречи да јадете само за задоволство

Британски научници откриле супстанција којашто го потиснува апетитот и ја елиминира желбата за консумирање на калорична храна која ни доставува задоволство.

Истражувачите од Универзитетот Манчестер тврдат дека супстанцијата наречена хемопресин ги блокира центрите за задоволство на мозокот и со тоа го намалува задоволството што човек го чувствува кога ќе јаде некоја слатка или мрсна калорична храна. Замислата е да сопреме да јадеме само за задоволство, а да консумираме храна единствено кога чувствуваме глад.

Жена што јаде пица

Оваа супстанција природно се произведува во телото и се верува дека може да помогне за создавањето на нови лекови против дебелина.

Пред шест години беше создаден лекот Rimonabant за потиснување на гладот, но имаше многу странични ефекти како зголемена депресија и појава на мисли за самоубиство, па затоа беше повлечен од пазарот.

Британските истражувачи сметаат дека хемопресинот ќе им помогне да произведат лек што ќе ги елиминира овие странични ефекти.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.