Почетна » Новости » Истражувања » Озборувањето во одредена мера е добро за здравјето

Озборувањето во одредена мера е добро за здравјето

Сите луѓе озборуваат. Кафето со пријателките не може да помине без неколку „сочни“ трачеви за новите љубовни парови, за поранешните соученици и колегите или за најновите Фејсбук фотографии. Неодамна беше објавено истражување кое покажа дека 85% од жените не можат да се воздржат да не ги пренесат понатаму трачевите кои ги слушнале од други.

Но, нема простор за загрижување ако сте од умерените озборувачки. Психологот Колин Грил тврди дека озборувањето може да биде добро за вас.

„Озборувањето го зголемува нивото на позитивни хормони како серотонин, намалувајќи го стресот и вознемиреноста“ – вели тој. Тоа се случува затоа што кога озборуваме, ние се интересираме што другите имаат да кажат, се поврзуваме со нив и тоа нè прави посреќни.

ОзборувањеОзборувањето кое не е злонамерно може да биде добро за здравјето

„Озборувањето често вклучува и многу смеење, кое го стимулира создавањето на сите „среќни“ хемикалии во нашиот мозок, а дури и ни ги вежба мускулите“ – дополнил психологот.

Исто така, истражување на Харвард потврди дека озборувањето ни помага да собираме информации за карактерите и однесувањето на луѓето, кои потоа ни помагаат да се заштитиме од лажговците и измамниците.

Колин Грил за британскиот Telegraph изјавил и дека луѓето со озборувањето се учат како да се прилагодат во општеството. „Озборувањето е добар начин да откриете кое однесување е прифатливо во вашата група. Ако некој со подигнати веѓи ви раскажува за нечие однесување, вие го модифицирате своето однесување според тоа“ – објаснил тој.

Д-р Грил вели дека озборувањето во одредена мера може да е здраво, но само ако не е злобно и непријатно, затоа што во таквите случаи ги изложува луѓето на поголем стрес. Тој предупредува дека особено е штетно распространувањето на трач за кој се знае дека не е вистинит, бидејќи тогаш луѓето се повознемирени затоа што се плашат дека ќе бидат фатени во лага.

„Озборувањето е неопходен дел од човечкиот живот. 99% од комуникацијата на луѓето се однесува на други луѓе. Тоа е едно од клучните нешта кои нè прават успешни како вид. Без него, ние би умреле“ – вели Грил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.