Технологијата влијае на сите сфери од животот, па и на нашиот љубовен живот.
Резултатите од ново истражување велат дека новите парови кои комуницираат преку Facebook и другите социјални мрежи или преку SMS-пораки, порано започнуваат да имаат сексуални односи.
80% од жените и 58% мажите веруваат дека SMS-пораките и социјалните мрежи се причина новите парови побрзо да стигнат до секс. Дури 38% од жените признале дека имале секс со новиот партнер многу порано затоа што воспоставиле со него т.н. дигитална интимност.
72% од жените ги прегледуваат Facebook страниците на бившите на својот партнер
„Допишувањето создава лажна претстава дека сте биле подолго време заедно, па всушност ви изгледа дека е ОК да имате секс порано“ – објаснува психологот Белиса Вранич. „Можеби сте излегле еднаш-двапати, но бидејќи толку многу сте се допишувале преку пораки или Facebook, ви делува дека сте биле подолго време заедно“ – дополнила таа.
Истражувањето во кое учествувале 1200 мажи и жени открило дека паровите најмногу комуницираат преку SMS-пораки.
Мажите користат SMS-пораки за 39% почесто отколку што прават телефонски повици, а кај жените тој процент е дури 150. И поканата за состанок станува дигитална. 65% од учесниците добиле понуда за излегување преку SMS-порака, а 49% преку Facebook порака.
Денес, 70% од жените и 63% од мажите го користат Google или друга онлајн алатка за да ги проверуваат своите потенцијални партнери.
Но, луѓето не ги проверуваат на интернет само потенцијалните партнери. 75% признале дека редовно го отвораат Facebook профилот на некој свој бивши, а 72% од жените ги проверуваат профилите на поранешните девојки на својот партнер.
Раскинувањата исто така стануваат дигитални. Дигиталните „корпи“ стануваат нов начин за раскинување, па така 43% од жените и 27% од мажите имаат добиено порака која става крај на нивната врска.
